Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Џуниор, заработи повреда на бутниот мускул за време на квалификацискиот натпревар на Бразил против Колумбија за Светското првенство, потврди шпанскиот клуб.
Реал Мадрид објави дека докторските прегледи покажале дека Винисиус Џуниор скинал мускул на левата нога. Тој се повредил во поразот на Бразил со 2:1 од Колумбија во петокот, принудувајќи го да биде заменет пред полувремето.
Клубот од Мадрид не соопшти колку долго ќе трае закрепнувањето на Винисиус Џуниор, но според шпанските медиуми тој би можел да биде надвор од терените два месеци.
Реал Мадрид веќе се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите, додека во шпанска Примера заостанува два бода зад лидерот Жирона.
Винисиус Џуниор оваа сезона постигна шест гола за Реал Мадрид, од кои три на последните два натпревари.