Нови проблеми за Манчестер Јунајтед – ѕвездата од 85 милиони евра има две опции: Или да оди во Саудиска Арабија или да седи на клупата до крајот на сезоната !?
Џејдон Санчо требаше да биде големо засилување за Манчестер Јунајтед.
По одличните настапи во Борусија Дортмунд, „Црвените ѓаволи“ пред две години го купија 23-годишниот крилен напаѓач за 85 милиони евра, а тој требаше да го предводи нападот на славниот тим од „Олд Трафорд“. Но наместо тоа, Џејдон Санчо беше осуден на „пропаст“ – во првите три натпревари оваа сезона влезе од клупата и собра вкупно 76 минути, додека на дербито против Арсенал не беше ниту во конкуренција за настап.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го објасни својот пропуст со недоволниот напор на тренинзите, што автоматски го сигнализираше алармот. Џејдон Санчо бурно реагираше на овие изјави и се нарече жртвено јагне на лошиот старт на сезоната.
„Не верувајте во се што ќе прочитате. Нема да дозволам луѓето да кажуваат работи кои се целосно невистинити, тренирав навистина добро оваа недела. Верувам дека има некои други причини за целата приказна, но сега нема да зборувам за нив. Долго сум жртвено јагне и тоа не е фер“, изјавил Џејдон Санчо.
Многу аналитичари сметаат дека неговите реченици го означиле крајот на секоја врска со холандскиот тренер. Еден од нив е и легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, кој смета дека Џејдон Санчо сега има само две опции.
„Ова не би го кажал доколку смета дека не тренира добро, но очигледно тренерот има поинакви стандарди од него. Сега целата оваа ситуација може да се реши на само два начина – во Саудиска Арабија се уште е отворен трансфер прозорецот, па може да оди таму или да се задоволи со клупата и да не игра до крајот на сезоната“, смета Рио Фердинанд.