НОВИ СНИМКИ НА БРУС ВИЛИС ГИ РАСПЛАКАА ФАНОВИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ: Неговата сопруга објави емотивно видео кое ја раскинува душата

Сопругата на легендарниот актер Брус Вилис, Ема Хеминг објави емотивно видео на Инстаграм по повод роденденот на нивната постара ќерка Мејбел Реј.

„Среќен 11-ти роденден, Мејбел Реј! Твојата енергија е заразна. Можеш да осветлиш соба со твојата насмевка и топлина. Прекрасно е да се види колку го сакаш и се грижиш за твоето семејство и пријателите. Продолжи да сјаеш љубов моја и секогаш запомни дека треба да живееш“, напишала Ема.

На видеото можете да ги погледнете трогателните моменти на Брус со неговата ќерка Мејбел, кои израдуваа многумина и им се придружија на честитките. „Погледнете ги сите тие прекрасни спомени“, „Мејбел е личноста благодарение на нејзините прекрасни родители“, се дел од коментарите.

Инаку, Брус и Ема се во брак од 2009 година, а освен Мејбел ја имаат и ќерката Евелин Пен (8). Во последно време, манекенката почесто споделува семејни моменти на Инстаграм и е благодарна за силната поддршка што ја добива откако на нејзиниот сопруг неодамна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Минатата година лекарите му рекоа дека има афазија, поради што се откажал од глумата.

Вилис минатиот месец го прослави својот 68-ми роденден, а сегашната сопруга Ема Хеминг (44) и поранешната сопруга Деми Мур (60) му посветија објави на Инстаграм.

„Тој е чиста љубов. Тој е многу сакан. И јас секогаш ќе го сакам. Среќен роденден слатко мое. Мојата роденденска желба за Брус е и понатаму да продолжите да го чувате во вашите молитви и највисоките вибрации бидејќи неговата чувствителна душа на Риби ќе го почувствува тоа. Ви благодарам многу што го сакате и се грижите за него“, напиша Ема.

Својата честитка ја испрати со прекрасно видео кое се состои од многу среќни моменти на Брус со неа и нејзините ќерки, а за музика во позадина ја стави песната „Ac“ од Стиви Вондер. „Издржи, не си сама“, „Најдобриот татко на ќерките досега. Молитви за овој роденден за момчето славеник и неговите девојки“, „Ти благодарам што го сподели со нас“, „Трогнат сум од тебе и од љубовта која секој ден му ја даваш на твојот сопруг, коментираат нејзините придружници.

Деми Мур објави видео од Брус како позира со нивните ќерки Румер, Талула и Скаут, а покажа и делови од прославата на нејзиниот поранешен сопруг. Секако, присуствуваа и неговата сопруга Ема и нивните две ќерки Евелин и Мејбел. Можете да видите и колку актерот остарел во последните месеци.

„Среќен роденден BW! Многу ми е мило што можевме да славиме денес. Те сакам и го сакам нашето семејство. Ви благодарам на сите за љубовта и добрите желби – сите ги чувствуваме“, напиша Деми.

“Каков одличен пример за семејни односи меѓу разведени родители. И каков пример за вистинска љубов од поранешна сопруга која најмногу мисли на своите деца. Дефинитивно животна цел. Би убила за да го имам тоа. Среќен роденден Брус, ти си навистина благословен”, “Најмалата работа е најголемата работа. Обично кога човек боледува од фронтотемпорална деменција не се сеќава на значењето на дувањето на свеќите. И тоа го направи без да му каже. Дури и коментираше за кучето. Тој беше дефинитивно луциден и учесник во моментот. Многу ми е мило што го видов ова! Среќен роденден Брус“, коментираат нејзините следбеници.