Новковски стана Албанец и се вработи во Агенцијата за цивилно воздухопловство

Етничкото балансирање како критериум за вработување во државната администрација и јавните институции врз основа на правична и соодветна застапеност продолжува да биде нефункционално.

Во однос на вработувањето, често пати медиумите известувале дека многу граѓани ги зазеле местата предвидени за Албанците, изјавувајќи дека се од албанска етничка припадност.

За голема плата во Агенцијата за цивилно воздухопловство дури и Сашо Новковски се изјаснил Албанец.

Оваа Агенција на 14 септември годинава го прифати Новковски на функцијата советник/инспектор за летачко работење во воздушниот сообраќај.

„Врз основа на резултатите од сите фази на селекцијата, Комисијата за избор изготви конечна листа на кандидати и ја достави до директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев, кој ја потпиша. Против оваа одлука, незадоволните кандидати имаат рок од 8 дена да се жалат до Агенцијата за администрација“, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Од Телевизија Алсат го контактирале директорот Томислав Тунтев, но не добиле одговор за соодветната застапеност на етникуми во Агенцијата. Јахи Јахиу е еден од основачите на оперативниот систем за балансирање. Според него, овој механизам нема намера да го продлабочи јазот меѓу 80 отсто Македонци и 20 отсто Албанци и другите заедници во земјава. Јахиу рекол дека законот не и забранува на комисијата да врши интервјуа на албански јазик со кандидати кои се изјаснуваат како Албанци на јавните конкурси.

„Никој не може да го оневозможи правото на комисијата, која прави интервју со кандидатите за административен службеник, при интервјуто да можат да поставуваат прашања кои имаат албански или македонски карактер за донекаде да се провери јазичното познавање на тој кандидат. . Како што беше порано кога за време на интервјуто се бараше познавање на англискиот јазик без сертификат, секогаш правевме кратко интервју со кандидатот и на англиски јазик. Комисијата преку овој процес може да го верификува тоа“, рекол Јахи Јахиу, изготвувач на „Баланцеуис“.