НОВО ЖАРИШТЕ! ВАГНЕР ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА ЗА ПОЛСКА?! Полјаците итно ја преместија војската на источната граница поради присуството на трупите на Пригожин во Белорусија
На фронтот ситуацијата станува се посериозна.
Полските власти одлучија да ги преместат воените единици на истокот на земјата поради присуството на паравоената група Вагнер во Белорусија , објави секретарот на Комитетот за одбрана Збигњев Хофман.
- Комитетот ги анализираше можните закани, како што е дислокацијата на единиците на групата Вагнер. Затоа министерот за национална одбрана, претседателот на Комитетот, Мариуш Блашчак, одлучи да ги премести нашите воени формации од запад кон исток на Полска – изјави Хофман за агенцијата ПАП, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека обуката или заедничките вежби на белоруската армија и паравоената група Вагнер се „несомнено провокација“ .
Во средата на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин ги поздравува своите борци во Белорусија, порачувајќи им дека засега нема да учествуваат во војната во Украина, туку дека ќе ја направат Белорусија втора најсилна армија во светот.
Белоруското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека борците од паравоената група почнале да ги обучуваат белоруските специјални сили на воен полигон на само неколку километри од границата со Полска, членка на НАТО.