НОВО ЧУДО ВО ТУРЦИЈА – Жена и две деца се спасени од под урнатините на зграда 228 часа по земјотресот (ВИДЕО)

Спасувачите ја пронашле жената Ела и нејзините две деца, а потоа ги извлекле од под урнатините во областа Антакиј

Спасувачките екипи извлекоа жена и две деца во Хатај од под урнатините на зграда 228 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција, јавува Анадолија.

Успешна спасувачка акција 228 часа по земјотресот извеле спасувачите, кои прво ја пронашле жената Ела и нејзините две деца, а потоа ги извлекле од под урнатините на зградата „Угур“ во квартот Антакии.

Спасувачите ги предале спасените деца и жената на екипа на Брза помош, која им укажала прва помош, а потоа ги однела во болница.