Нов банкрот во Германија: Култна фабрика престана да работи по 123 години! Беше позната во светот по оригинален производ (фото/видео)

Иконската германска компанија за производство на тегли Weck-Glaser поднесе барање за стечај.

Ова денес за медиумите го потврди портпаролката на компанијата, но не откри дополнителни информации за причините за стечајот.

Седиштето на компанијата е во градот Вер. Компанијата има производство и во Бон. За таа филијала е отворена и стечајна постапка.

Традиционалната компанија постои повеќе од 123 години. Покрај надалеку познатите тегли без навои, тие произведоа и стаклен асортиман за трговија и гастрономија.

Локалните медиуми јавуваат дека бизнисот во Германија станува сè потежок. Енергетската криза, пандемијата и недостигот на работници сериозно се одразија на германската економија.

Досега стечај прогласија неколку фирми кои се занимаваа со продажба на облека и обувки, но и храна. Затворени се и голем број традиционални продавници и стоковни куќи.

Експертите не предвидуваат економско закрепнување на германската економија оваа година.