НОВ ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА РЕАЛ МАДРИД – Карло Анчелоти три недели ќе биде без една од најважните алки

Голманот на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Кепа Аризабалага, ќе паузира околу три недели поради повреда на тетивата добиена за време на загревањето за дуелот од Лигата на шампионите против Брага во среда.

Кепа Аризабалага летово пристигна во Реал Мадрид како позајмица од Челзи, откако тешко се повреди Белгиецот Тибо Куртоа.

слика
Кепа Аризабалага

Наместо Кепа Аризабалага, на вратата на „Кралскиот клуб“ во средата застана Украинецот Андриј Лунин, кој сигурно ќе брани на саботниот првенствен тест против Валенсија.