НОВ ГОЛЕМ ШТРАЈК ВО ГЕРМАНИЈА – Трет пат оваа недела најсилната економија во Европа блокирана: Сега на ред се вработените во јавниот транспорт

Вработените во повеќе од 130 градски претпријатија за јавен превоз во Германија во петокот започнаа еднодневен предупредувачки штрајк, со кој синдикатот за јавни услуги „Verdi“ сака да освои подобри услови за работа и повисоки плати, а третиот голем штрајк оваа недела предизвика нови прекини во сообраќајот на милиони патници.

Verdi“ повика на штрајк над 90.000 свои членови вработени во јавните транспортни претпријатија низ Германија.

Предвидено е штрајкот да трае од петок во три часот наутро до истото време во сабота. Во некои градови, како Берлин, штрајкот траеше само до 10 часот, а сообраќајот полека се нормализира.

Штрајкот ширум Германија предизвика дополнителен метеж на патиштата, имајќи предвид дека многумина на работа наместо со јавен превоз отидоа со автомобили.

Verdi“ најави дека недостигот на кадар доведува до дополнително оптоварување на вработените во јавниот транспорт и бара од работодавачот да ги зголеми платите за да привлече повеќе потенцијални возачи на автобуси, трамвај и метро.

Треба брзо да најдеме решение за растеретување на вработените“, се вели во соопштението за печатот на „Verdi“.

Истовремено, Сојузниот завод за статистика во Визбаден предупреди на уште поголем недостиг на возачи во јавниот превоз, со оглед на високата просечна возраст на вработените од 55 години.

Покрај подобрувањето на работните услови, „Verdi“ бара од работодавците и зголемување на платите, а барањата варираат во зависност од сојузната покраина.

По штрајкот на машиновозачите и персоналот за обезбедување на аеродромите, ова е трет штрајк што ги погодува патниците во Германија оваа недела.

Автобуските и трамвајските станици ширум Германија во петокот беа во застој, предизвикувајќи попречување на милиони патници, додека 90.000 работници во јавниот транспорт беа повикани на штрајк за да побараат подобри работни услови.