НОВ ДЕБАКАЛ НА РУСИЈА – Вселенското летало се урна на Месечината – Русите изгубиле секаков контакт: “За време на маневарот имаше ненормална ситуација…“

Руската вселенска агенција РОСКОСМОС во неделата соопшти дека нејзиниот вселенски брод Луна-25 се урнал на Месечината откако изгубил контрола.

Вселенската агенција РОСКОСМОС во саботата соопшти дека се случила „ненормална ситуација“ за време на маневар во кој била вклучена сондата. Станува збор за вселенски брод без екипаж.

Леталото требало да слета во понеделник како дел од мисијата за истражување на дел од Месечината за кој научниците веруваат дека може да содржи замрзната вода и скапоцени елементи.

РОСКОСМОС нагласи дека мерките за потрага по леталото и воспоставување комуникација со него на 19. и 20. август не дале резултат.

Според резултатите од прелиминарната анализа, поради отстапување на вистинските параметри на импулсот од пресметаните, вселенското летало Луна-25 се преселило во непроектирачка орбита и престанало да постои поради судир со површината на Месечината“, соопшти руската државна агенција.

Агенцијата објави и фотографии од лунарниот кратер Зиман направени од леталото. Кратерот е трет најдлабок на јужната хемисфера на Месечината, со дијаметар од 190 километри и длабочина од осум километри.

РОСКОСМОС соопшти дека досега добиените податоци даваат информации за хемиските елементи во лунарната почва, а исто така ќе ја олеснат работата на уредите направени за проучување на површината на Месечината.

Луна-25 влезе во орбитата на Месечината во средата, а тоа е воедно и првото руско вселенско летало што го направи тоа од 1976 година.