НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА: Земјата се стресе со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран во 17:59 часот по локално време, а епицентарот бил во близина на Рунка, на длабочина од 15 километри.

Да потсетиме на силен земјотрес со јачина од 5,8 степени, а потоа следуваат уште два малку послаби со јачина од 4,2 и 3,98 степени според Рихтеровата скала.

Силниот земјотрес што ја погоди Романија беше почувствуван и во многу градови во Србија.