– САД најавија дополнителна воена помош за Украина во вредност од 300 милиони долари, за таа да „продолжи храбро да се брани во лицето на руската брутална, неиспровоцирана и неправедна војна“, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
Продолжуваме со поддршката со нашите партнери од Украина додека тие се бранат од руската воена агресија, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
-Делегирано со авторизација на претседателот Бајден, го одобрувам 37-то повлекување американско оружје и опрема за Украина во вредност од 300 милиони долари, изјави Блинкен.
Се работи за пакет безбедносна помош во кој се вклучени муниција за ХИМАРС ракетните системи, хаубици, артилериска и тенковска муниција, противтенковски оружја, ракети и рачно оружје и муниција, камиони и приколки за транспорт на тешка машинерија, како и резервни делови, и друга опрема „потребна за зацврстување на бранителите на Украина на бојното поле“.
-Овој пакет ќе помогне Украина да продолжи храбро да се брани во лицето на руската брутална, неиспровоцирана и неправедна војна. Русија може да ја заврши војната веднаш. Сè додека Русија води војна, САД и нашите партнери ќе стојат обединети покрај Украина толку време колку што е потребно, истакна Блинкен.