Првпат во историјата англискиот куп за фудбалерки пред полни трибини

– Првпат во историјата распродадени се влезниците за финалето во англискиот ФА куп за фудбалерки во кое овој месев ќе играат Челзи и Манчестер јунајтед.

Финалето на распродадениот лондонски стадион „Вембли“ со капацитет од 90.000 седишта, е на програмата на 14 мај.

На овогодишното финале ќе присуствуваат 40.000 навивачи повеќе во споредба со ланскиот рекорд, кога 49.094 луѓе ја гледаа победата на Челзи над Манчестер сити.

Ова ќе биде деветто женско финале во ФА купот да се игра на „Вембли“, откако дуелот за трофејот беше префрлен на славниот лондонски стадион во 2015 година.