НОВ ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО УКРАИНА – Разрешена заменик-министерката за одбрана заедно со уште пет високи функционери во Владата

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, е разрешена од функцијата, заедно со уште пет други функционери, соопшти денеска украинската Влада.

Од почетокот на руската агерсија врз Украина во февруари 2022 година, Хана Малиар честопати беше задолжена за објавување информации за ситуацијата на фронтот.

Покрај неа, сменети се уште пет заменици министри, објави медиумската агенција Reuters.

Владата не ја образложи одлуката за измените кои уследија по назначувањето на Рустем Умеров за нов министер за одбрана на Украина.