НОВ ТРЕНД- Необичен трик го зафати интернетот: Еве зошто треба да чувате тоалетна хартија во фрижидер (ВИДЕО)
Новиот тренд во кој луѓето ставаат тоалетна хартија во фрижидер го зафати интернетот Ролната тоалетна хартија се зема од новоотворената амбалажа и се става на една од полиците на фрижидерот.
Имено, докажано е дека тоалетната хартија помага во отстранувањето на непријатните мириси. Мирисите на риба, свежо месо и некои зеленчуци понекогаш знаат да бидат интензивни. Влагата од кондензација (која се јавува кога фрижидерот не е доволно ладен) предизвикува и непријатни мириси.
И тука доаѓа тоалетната хартија. Хартијата со текот на времето ги апсорбира течностите и мирисите. По една до две недели – фрлете ja.
За отстранување на непријатните мириси може да послужите и сад со вода со лимон или шолја мелено кафе…
Секако, се подразбира дека фрижидерот треба темелно да се чисти барем еднаш месечно. Најдобро е да користите топла вода со малку оцет и детергент за миење садови.