Нов удар за принцот Хари и Меган Маркл! Отказ им даде важен човек – Не можеше повеќе да го поднесе ова!
Принцот Хари и Меган Маркл со години не можат да најдат соодветен персонал за нив затоа што сите се откажуваат по некое време. Изворите велат дека никој што бил со нив нема да се врати на тоа работно место.
Со години кружи приказната дека принцот Хари и Меган Маркл не можат да задржат персонал и дека имаат огромни тешкотии на тоа поле.
Кога Хари го назначи Џош Кетлер за началник на неговиот кабинет претходно оваа година, беше кажано дека тој е совршениот човек кој ќе го „води принцот Хари“ низ неговата следна фаза.
Сепак, се покажа дека Кетлер ја напуштил работата набргу по само три месеци , поради разни интриги што се случиле.
– Џош Кетлер повеќе не работи за нив – изјавил за Daily Mail извор од Калифорнија.
Тоа секако не им одговараше на Хари и Меган бидејќи се очекуваше Катлер да ги придружува на нивната турнеја низ Колумбија, која започнува оваа недела.
Катлер го придружуваше Хари на сите негови посети на Лондон, беше со нив и за време на тридневната турнеја низ Нигерија и го гледаше грбот на принцот додека се состана со владините претставници во таа африканска земја.
Сега по ова разрешување е јасно дека војводата и војвотката имаат проблем да го задржат својот персонал. Имено, од нивната венчавка, најмалку 18 вработени дале отказ од работа.
– Она што кажува сè е фактот што цело време кога работев таму, не слушнав ниту еден сегашен или поранешен вработен да каже дека повторно ќе ја преземат таа работа ако им се даде шанса. И тоа не се вработени кои ги затекнале на улица, многу од нив се луѓе кои претходно се истакнале на своите позиции како шефови во компании или на некои други високи позиции – открил за Дејли Меил поранешен член на персоналот на Сасекс.