НОВ УДАР ПРОТИВ РУСКАТА “ВОЕНА МАШИНЕРИЈА“ – САД со нови санкции против “јастребите“ на Владимир Путин и Кремљ

Соединетите Американски Држави (САД) денес најавија нова серија санкции против руската „воена машинерија“, кога претседателот на Украина, Володимир Зеленски, престојува во Вашингтон, каде бара продолжување на американската помош за неговата земја.

Санкциите се однесуваат на околу 150 поединци и правни лица осомничени за снабдување или финансирање на руската воена индустрија за време на војната во Украина и помагаат да се избегнат санкциите наметнати од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Кремљ постепено ја претвори Русија во воена економија, во воена машинерија на Владимир Путин, која не може да опстане само со домашно производство“, се вели во соопштението на министерката за финансии на САД, Џенет Јелен.

Џенет Јелен оцени дека американските санкции го стегаат обрачот околу добавувачите и третите земји кои ја снабдуваат Русија со стоките што и се потребни за развој и одржување на нејзиниот воено-индустриски комплекс.

Стејт департментот денес преку посебно соопштение објави дека воведува санкции против 100 физички и правни лица.

Вашингтон санкционира физички и правни лица во Кина, Русија, Хонг Конг и Пакистан „вклучени во производството и снабдувањето со кинеско оружје и технологија“, соопштија американските власти.