Британскиот „Дејли Мејл“ објави дека Кристијано Роналдо испратил голема помош на настраданите од земјотресот во Турција.
Според објавата на британскиот медиум Роналдо испратил авион во кој имало облека, храна, лекови и други потребни работи за погодените од земјотресот кој во Турција однесе над 50.000 животи.
За Роналдо ова не е првпат да помага со хуман гест. Претходно плати 83.000 долари за операција на тумур кај дете, а исто така уплати и 165.000 долари за иградба на центар за лекување од рак во Португалија.