Нов шок за ‘Старата дама’ – се погласни се тврдењата: На Јувентус му се заканува исфрлање од Европа!
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) би можела да го казни Јувентус со исфрлање од европските натпреварувања поради финансиски малверзации.
Како што пишува познатиот спортски весник Gazeta delo Sport, покрај одземањето бодовите, тие би можеле да добијат и уште поголема казна – да потсетиме, на „Старата дама“ само привремено и беа вратени 15 бода и многу зависи од позицијата што ќе ја заземе на крајот на сезоната.
Во јануари Јувентус доби голема парична казна за финансиска измама, додека неколку поранешни и сегашни функционери на „Старата дама“ добија забрана за фудбалски активности, меѓу кои и поранешниот претседател Андреа Ањели.
Клубот од Торино негираше дека сторил нешто лошо и се жалеше до највисокиот спортски суд во Италија во рамките на Италијанскиот олимписки комитет, познат како CONI.
Беа потврдени неколку суспензии, вклучувајќи ги и оние на Ањели и Фабио Паратиција, додека судот ги уважи жалбите на Павел Недвед и на некои други помлади функционери.