Ноле дојде на мечот на црно-белите! Што ќе кажат на ова лутите ривали? (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус на свој терен го пречекуваат Каљари во 12. коло од Серија А. На натпреварот присуствува најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер е во Торино, па ја искористи приликата да го проследи мечот меѓу црно-белите од Торино.

Сепак, се поставува прашањето како навивачите на Милан ќе реагираат на ова, бидејќи општо е познато дека Ѓоковиќ е нивни деклариран навивач.

Видеото на Новак на стадионот Алијанц беше објавено и на официјалниот Инстаграм профил на славниот италијански клуб.