Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна својата борба за освојување на Мастерсот во Париз.
Во второто коло се среќава со Томаш Мартин Ечеверрија и веќе во првиот настап на теренот одигра бод кој ќе биде во конкуренција за најдобри на турнирот.
Накратко – ова е толку Новак!
Првиот рекет на планетата прво „крена ѕид“ и влезе во малку подолга размена на удари, а кога Аргентинецот ја презеде иницијативата и на прв поглед го освои бодот, Ноле по којзнае којпат го демонстрираше своето „гумено тело“ – се изврте и освои бод кој речиси сигурно би го загубил секој друг тенисер.