Норвешка беше првата земја во светот која направи чекор во оваа насока, изјави норвешкиот министер за трговија и индустрија Јан Кристијан Вестре.
Во Норвешка Владата претстави предлог-закон според кој најмалку 40 отсто од членовите на управните одбори на големите и средни компании мора да бидат жени.
Норвешкиот министер за трговија и индустрија Јан Кристијан Вестре на прес-конференција ја објави содржината на предлог-законот, објави Блумберг.
Норвешка беше првата земја во светот што направи чекор во оваа насока“, рече Вестре.
Доколку законот биде одобрен, најмалку 40 отсто од управните одбори на 20.000 големи и средни компании во Норвешка ќе мора да бидат жени до 2028 година.