Норвешка годинава ќе ја зголеми својата воена помош за Украина за седум милијарди круни (околу 590 милиони евра), на 22 милијарди круни (1,9 милијарди евра), најави денеска премиерот Јонас Гар Стор.
Парите за тоа се од прераспределбата на повеќегодишната помош на Норвешка од 75 милијарди круни за цивилна и воена поддршка за Украина во 2023-2027 година.
„Тоа е прашање на живот и смрт за населението во Украина“, изјави премиерот Сторе за новинарите, опишувајќи ја неизвесната ситуација на фронтот.
Премиерот, кој за оваа помош се договори со лидерите на опозицијата, додаде дека станува збор и за безбедноста и стабилноста на Европа, а со тоа и на Норвешка.
Голем дел од парите првенствено се наменети за противвоздушна одбрана и муниција, што ѝ недостига на Украина наспроти руската офанзива.
Од првичните 75 милијарди круни на повеќегодишната програма, Норвешка ќе искористи околу 39,5 милијарди круни до крајот на 2024 година