Норвешкиот извоз се намали во мај, што одразува значително намалена вредност на испораките на нафта, покажаа податоците од статистичката служба објавени во понеделник.
Во мај, извозот се намали за 7,4 проценти во споредба со истиот период минатата година, а увозот за пет проценти.
Норвешка забележа суфицит во трговијата со светот од 46,1 милијарди круни, приближно 12 проценти помалку отколку во мај 2024 година.
Падот на извозот на годишна основа одразува значително намалена вредност на испораките на нафта, за дури 29 проценти, под влијание на значително пониските цени на светските пазари.
Испораките на гас се зголемија за 5,5 проценти.
Кога ќе се исклучат нафтата и гасот и опремата за енергетскиот сектор, извозот се зголеми за 1,1 процент.
Месечната споредба, исто така, покажува пад на вредноста на вкупниот извоз, за 5,4 проценти, со 10 проценти помала вредност на испораките на гас.
Извозот на нафта се зголеми за 3,9 проценти во споредба со април.
Кога ќе се исклучи енергијата, вредноста на извозот била за 7,1 процент пониска отколку во претходниот месец, пресметале статистичарите.