Магнезиумот е важен минерал бидејќи помага во спречување на болести и е корисен за нервниот систем, коските, забите и мускулите. Нутриционистот Др. Памела Мејсон истакна дека овој минерал лесно може да се добие преку исхрана, но може да се земе и како додаток во исхраната.
Др. Мејсон истакнува: „Магнезиумот е потребен за да се создадат повеќе од 300 ензими во телото кои ослободуваат енергија од храната. Нутриционистот ја нагласува важноста на магнезиумот, цитирајќи една австралиска студија која го поврзува со намален ризик од оштетување на ДНК.
Истражувањето на Универзитетот во Јужна Австралија го поврзува нискиот магнезиум со високите нивоа на хомоцистеин, аминокиселина која ги оштетува гените и го зголемува ризикот од Алцхајмерова и Паркинсонова болест, рак и дијабетес, пишува Дејли експрес.
Како да го зголемите внесот на магнезиум?
Редовното консумирање на храна богата со магнезиум може да помогне во одржување на оптималните нивоа на магнезиум во телото. Тие вклучуваат:
- Лиснат зелен зеленчук
- Цели житарки
- Грав и мешунки
- Говедско и пилешко
- Јаткасти плодови и семиња
- Темно чоколадо со висока содржина на какао
Др. Мејсон истакнува дека повеќето луѓе можат да добијат доволно магнезиум преку исхраната, но ограничените диети, здравствените проблеми или лековите може да ја намалат апсорпцијата, па во такви случаи, мултивитамински или мултиминерален додаток со магнезиум може да биде корисен.