Обединети нации: “Загрижени сме поради појавата на болести предизвикани од нечиста вода во Појасот Газа“

Обединетите нации велат дека се загрижени за ризикот од појава на болести предизвикани од нечиста вода во Појасот Газа додека Израел продолжува со бомбардирањето.

Загриженоста за дехидрацијата и болестите што се пренесуваат преку вода се високи со оглед на колапсот на водоснабдувањето и санитарните услуги, вклучително и денешното затворање на последната функционална фабрика за десалинизација на морска вода во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации за Палестина (UNRWA).

Агенцијата на ОН соопшти дека делови од јужна Газа добиле вода во три часот утринава, додавајќи дека само 14 отсто од населението во Појасот имало корист од тоа.

Во меѓувреме, UNRWA предупреди дека животите на илјадници пациенти во болниците во Појасот Газа се загрозени, а болниците имаат само гориво за да работат на генератори за итни случаи 24 часа откако Израел ја исклучи струјата.