Обезбедувањето на Зеленски носи моќно оружје: Камерата случајно сними што има на појасот телохранителот на украинскиот претседател (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна го посети Змискиот остров во Црното Море додека беше внимателно следен од ВИП обезбедување.

По тој повод странските медиуми забележале интересен детал во „опремата“ на неговото обезбедување. Некои од нив носат исклучително редок пиштол „Алиен“ калибар 9мм.

Пиштолот на компанијата Laugo Arms има егзотичен дизајн, а се карактеризира со исклучително добра прецизност. Неговата цена е вртоглава и, според порталот Drive, се проценува на околу 6.000 долари по парче.

На снимката од Змискиот остров може да се види „Alien“ кој е исклучително препознатлив поради својот изглед. Суштината на дизајнот е центриран на фиксна цевка која е монтирана во рамка, а не на лизгалка, што е почест случај. Тоа му помага на пиштолот да го апсорбира, односно да го ублажи повратот на пиштолот бидејќи голем дел од силата е насочена кон задниот дел на дланката.

Резултатот е висок степен на прецизност дури и при брз оган со пократко време потребно за враќање на целта за повторно да се пука. „Alien“ обично е потежок од другите слични пиштоли и има магацин за 17 куршуми. Празен тежи 1,1 килограм, додека моменталната генерација „Глок 17“ тежи само 600 грама без муниција.

Володимир Зеленски го посети Змискиот остров по повод 500 дена војна во Украина.

Меѓу присутните беше и шефот на Украинската воена разузнавачка служба (ГУР), Кирило Буданов. Не е познато кој ги опремил телохранителите, но ГУР сигурно има пристап до оружје и опрема со врвен квалитет.