„Облак“ од песок и прашина од Сахара над Европа и Македонија: На овој дел од континентот му се закануваат суперклеточни бури
Југоисточниот дел на континентот и нашиот регион е под влијание на топлотен бран и температури до 40°C
Југоисточна Европа и нашето подрачје со денови се под влијание на топла воздушна маса од северот на Африка, со температура до 40°С. Истовремено северна, западна и југозападна Европа се под влијание на забележливо посвежи воздушни маси, со вистинско есенско време, додека централниот дел на континентот е под влијание на невреме.
Над нашето подрачје има изразен термички висински гребен, а над Западна Европа широка висинска долина, со циклон на приземје со центар недалеку од Пиринејскиот Полуостров.
Оваа синоптичка ситуација води до проток на топол воздух кон нашите региони и низ Панонската рамнина кон централна Европа. Покрај топлата воздушна маса, „облак“ од песок и прашина од Сахара допира до европското копно и Македонија како дел од југозападниот висок проток.
Најголемиот дел од овие честички денеска и за време на викендот ќе се движат низ централниот Медитеран и Италија, но и Јадранското Море до Алпите, Балканскиот Полуостров, Србија и Панонската рамнина, па дури и до централна Европа.
Поради зголемена концентрација на песок и прашина, атмосферата ќе биде облачно, ведрото небо нема да биде целосно сино.
Во подрачја со врнежи дождот ќе биде нечист, односно со честички од песок, кои најмногу може да се видат на возилата.
Протокот на топла воздушна маса од северот на Африка низ нашето подрачје кон централна Европа, а во исто време протокот на значително постудена воздушна маса од северозапад и од Атлантикот, исто така, кон централна Европа, ќе доведе до „судир„ од овие воздушни маси и создавање на многу силни грмотевици од запад над централна кон источна Европа.
Невремето ќе биде најизразено над централна Европа и Алпите, со силни грмежи, ообилни врнежи и град.
За жал, ќе има услови за формирање на суперклеточни бури, особено над северните региони на Италија, над југоисточните падини на Алпите, над југозападните региони на Австрија, над Чешка, источна Германија и југозападна и западна Полска. Во овие области се очекува многу голем град, па дури и ризик од торнада. Инаку, суперклеточните бури се единствените одговорни за формирањето на торнада, а 20 проценти од бурите на суперклеточните водат до формирање на торнада. Најизразени се во Америка, просечно 1100 торнада ги погодуваат САД годишно, а од 100 до 300 во Европа, најмногу во западните и централните делови на континентот, а повеќето од нив не се ни блиску до големината и јачината на тие во САД.
За време на викендот ќе се дестабилизира и атмосферата над Македонија, а приливот на посвежа воздушна маса над прегреаното тло ќе предизвика времето, односно атмосферата бурно реагира и појава на грмежи и непогоди.
Песок, влага, смог, 40°С.
— The TETIN 🇲🇰🇺🇦 (@lesenpeperut) June 21, 2024
Удавено Скопје. pic.twitter.com/SYDUL5q5f7