Облачно со повремени врнежи од дожд

 Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

В понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Стабилизирање на времето со пораст на дневната температура ќе има од вторник.