ОБСЕ /ОДИХР ќе ги претстави активностите за изборите во државава

 Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) денеска  ќе ги претстави планираните активности за претстојните претседателски и парламентарни избори во државава.

Улогата на набљудувачката мисија на ОДИХР на изборите и нејзините планирани активности на прес-конференција ќе ги презентира Џилијан Штирк, шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР.