Објавена е снимка од уништувањето на рускиот воен брод во Црното Море

Украинците синоќа го нападнаа и уништија рускиот воен брод Цезар Куников во Црното Море, соопштија украинските власти.

Операцијата на рускиот брод ја изврши военото разузнавање на Украина (ГУР)

Во нападот се користени водени дронови „Магура“, додека бродот е оштетен и не може да се поправи, така барем тврдат официјалните лица кои го потврдија потонувањето во Црното Море.

Сега се објавени и сликите од оваа воена операција. Од друга страна, Русите се уште не се изјасниле за овој напад.

Џиновскиот брод беше користен од силите на Путин за транспорт на проектили и беспилотни летала за напади во Украина.

Русија се обиде да спроведе голема спасувачка операција на море, во која учествуваат бродови, подморници и хеликоптери.