Палестинската министерка за здравство: На Газа ѝ се потребни мобилни болници

 – Палестинската министерка за здравство Маи ал-Каила изјави дека во Газа се потребни мобилни болници, каде што здравствениот систем е во колапс поради интензивното израелско бомбардирање.

Каила истакна дека на болниците во Газа им е потребно гориво, електрична енергија и медицински материјали за да продолжат со работа.

Таа посочи дека поради нападите и недостигот на гориво 16 болници и 51 здравствен дом не работат.

Каила посочи дека и во нормални околности, бројот на кревети во болниците во Газа не е доволен.

Нагласи дека имаат голем проблем со недостиг на кревети бидејќи во израелските напади повредени се над 24.000 лица.

Палестинската министерка изјави дека пациентите биле оперирани во нестерилни средини, во болнички ходници и со помош на светлина од телефон.

Каила рече дека Газа има потреба од мобилни болници.

Таа ги повика светските и меѓународните организации да преземат мерки за испраќање на повредените во болниците во Египет и да дозволат влез на гориво и медицински материјали во Газа.