Објавени првите резултати од изборите во Турција: Ердоган води со значителна разлика

Гласачките места во вториот круг од претседателските избори во Турција се затворени во 16 часот. По преброените 49,39 отсто од гласовите води Реџеп Тајип Ердоган со 56,36 отсто, додека Киличдароглу доби 43,64 отсто од гласовите.

Одѕивот на изборите бил дури 84,58 отсто, а гласале 64.179.419 граѓани на Турција.

Разликата меѓу ривалите е забележлива, но со оглед на тоа што се преброени само помалку од половина од гласовите, конечниот резултат се уште не може да се погоди.

Во првиот круг од изборите Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а Киличдароглу 44,5 отсто. Националистичкиот кандидат Синан Оган е трет со 5,1 отсто од гласовите. Оган го поддржа Ердоган во вториот круг.

Сепак, делот од партиите кои го поддржаа Оган во првиот круг, за разлика од него, во вториот круг го поддржаа Киличдароглу. Во вториот круг од кампањата, Киличдароглу ја засили својата националистичка реторика, меѓу другото, ветувајќи дека ќе протера десет милиони бегалци.