На „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 40 минути, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево