СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА: 15 повредени во судир на два автомобили и комбе

Во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила на јадранската магистрала во Дуги Рат во Хрватска по полноќ повредени се 15 лица кои се пренесени во Итната помош на КБЦ Сплит за лекарска помош, извести сплитската полиција.

Вкупно 15 лица се пренесени на лекарска помош и засега нема официјални информации за тежината на нивните повреди. Во несреќата учествувале две приватни возила и комбе.

Според полицискиот извештај кој го објави Индекс, оваа тешка сообраќајна несреќа се случила околу 00:30 часот.

Целосно е затворен патот Д8 поради истрага, извести полицијата.

Сообраќајот од правец на Сплит и Омиш се одвивал низ градот Гат до 03:50 часот, по што патот бил повторно пуштен за сообраќај.

На местото на инцидентот спроведена е увид, предводена од заменик на општинското државно обвинителство, со присуство на судски вештак и асистенција на полицијата.