Објавени фотографии од жената која го уби сопругот со љубовникот и ќерката: Во сè била вмешана и нејзината сестра (фото)

По страшното убиство во Добој, каде жена и нејзиниот љубовник го убија Саша Кулишиќ, Блиц открива нови детали од убиството.

-Со намера да му го одземе животот на Кулишиќ на 29 јануари во попладневните часови, а откако малолетниот А.К. искршил поголем број таблети наречени „треана“ со јачина од 10 мг, кои ги купила сестрата на првоосомничениот В.М. по барање на осомничените ги помешала со вода, за во договор со осомничените вечерта отишла во семејниот дом на нејзиниот татко каде со употреба на вода во која имало искршена таблета во прав направила лимонада која му ја подарила на својот татко, соопштија од Окружниот суд во Добој.

Се додава дека А.К и нејзината мајка претходно без негово знаење му ги дале овие апчиња на Кулишиќ.

– Откако почнале да ,,работат” таблетите и откако оштетениот Кулишиќ заспал, малолетничката ја оставила незаклучена влезната врата од куќата, за што ги известила осомничените кои влегле во куќата, се додава во судското соопштение.

Осомничените Андреа Кајганиќ и Дражен Лазаревиќ го испратиле малолетникот во дневната соба, а тие отишле во собата во која спиел Кулишиќ, го врзале, му задале неколку удари, а потоа со автомобил го однеле во шумата каде го убиле.

-Со непознат предмет му нанеле четири убодни рани во пределот на стомакот, а смртта настапила како последица од тешкиот трауматски шок предизвикан од повредите и губењето крв. Го оставиле така во шумата и се упатиле во непознат правец, пишува Блиц.

Најстарата ќерка на Саша, Тамара, изјави дека нејзиниот татко никогаш не се жалел на сопругата Андреа.

– Тато никогаш не ми се пожали за Андреа, не ми изгледаше чудно, сè беше најнормално. Изгледа дека немало проблеми меѓу нив, изјави Тамара.

Да потсетиме, за ова убиство беа уапсени 32-годишната сопруга на убиениот, нејзиниот 19-годишен љубовник и нејзината малолетна ќерка (14), а потоа беше откриено дека сестрата на првоосомничениот играла улога во сè.