Шпанските медиуми објавија дека поранешниот фудбалер Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа Марти летуваат во Хрватска, а фоторепортерите на Pixsell ги фотографирале во близина на Дубровник на јахтата што ја изнајмиле.
Пике и Клара се најдоа на насловните страници во шпанските медиуми откако се дозна дека се видени на аеродром во Хрватска, а на фотографиите кои ги сними репортер од Pixsella се гледа како тие поминуваат време во близина на островот Лопуд.
Интересно е што овој мал хрватски остров летово привлече бројни светски ѕвезди, почнувајќи од уште еден пензиониран фудбалер – Дејвид Бекам и неговото семејство.
Новобрачниот пар не беше сам на летниот одмор, друштво им правеше семејството на Пике, неговите родители Жоан Пике и Монсерат Бернабеу и неговиот брат Марк Пике со сопругата Марија Валас.
Поранешниот фудбалер реши да оди на мирен одмор во Хрватска за да се извлече од новата драма со поранешната партнерка Шакира со која има спор за старателството над нивните два сина.
Шакира и Пике ја прекинаа долгогодишната врска во средината на 2022 година бидејќи тој ја изневеруваше со Клара, а пејачката пееше за раскинувањето во нејзините последни објавени песни.