Објавено шокантно видео од киднапирањето на родителите на познатиот фудбалер! Вооружени напаѓачи како на филм упаднаа во автомобилот (ВИДЕО)

Фудбалската ѕвезда, Луис Дијаз, кој настапува за Ливерпул, минува низ тешок период.

Во неговата родна Колумбија, вооружени лица ги киднапирале неговите родители.

Според информациите добиени од таа земја, мајката на фудбалерот е пронајдена, додека таткото сè уште е во заробеништво на напаѓачите.

Тамошниот портал „Семана“ објави снимка од киднапирањето на која се гледаат вооружени напаѓачи на мотоцикли и возило во кое наводно се наоѓаат родителите на Дијаз.

Напаѓачите го запреле автомобилот, ја презеле контролата и потоа заминале во непознат правец.