Објавен новиот учесник на Светското првенство во фудбал во 2026 година!

Фудбалската репрезентација на Нов Зеланд се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година откако ја совлада Нова Каледонија со 3-0 во квалификациското финале во зоната Океанија во Окленд.

Не му беше лесно на Нов Зеланд кој се мачеше да поведе во 61. минута преку Мајкл Боксал, а само шест минути подоцна Коста Барбарусес го удвои водството. По вториот гол, Нова Каледонија целосно пропадна, а конечниот резултат беше поставен во 80. минута преку Илајџа Јуст.

Така Нов Зеланд по трет пат во историјата обезбеди пласман на Мундијалите, откако претходно се појави во 1982 година во Шпанија и 2010 година во Јужна Африка.

Од друга страна, селекцијата на Нова Каледонија ќе се натпреварува во интерконтиненталниот плеј-оф за пласман на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Нов Зеланд е петтиот учесник на Светското првенство следната година, по Јапонија и трите домаќини (САД, Мексико и Канада).