ОБЈАВИ КАДИРОВ: Чеченската специјална единица „Ахмат“ е префрлена во регионот Бахмут, еве кој ја води
Борците на „Вагнер“ го напуштија тој град во периодот од 25 мај до 1 јуни и ја предадоа контролата на руската армија.
Чеченската единица за специјални сили „Ахмат“ , со која командуваше заменик-командантот на Вториот армиски корпус, Апти Алаудинов, беше префрлена во областа Бахмут , рече чеченскиот водач Рамзан Кадиров .
Командата за специјални операции ја префрли единицата на специјалните сили „Ахмат“ под команда на Апти Алаудинов во тешкото подрачје Бахмут. Оваа одлука зборува за довербата на Генералштабот и ја докажува високата борбена способност на единиците – напиша Кадиров на Телеграм, пренесе ТАСС.
Руската паравоена формација „Вагнер“ го зазеде Бахмут на крајот на мај, по 10 месеци жестоки борби со украинските сили, а борците „Вагнер“ го напуштија градот во периодот од 25 мај до 1 јуни и ја предадоа контролата на руската армија.