Оваа авиокомпанија воведува плаќања со криптовалути

Нискобуџетната авиокомпанија од Блискиот Исток, „Ер Арабија“, објави партнерство со „Мбанк“ за прифаќање патни плаќања за услугите на авиокомпанијата користејќи ја криптовалутата „АЕ Коин“.

Авиокомпанијата вели дека партнерството претставува „револуционерен скок во дигиталните плаќања, нудејќи беспрекорно и безбедно искуство со резервација преку AE Coin“, објавува Avio Press.

„Ер Арабија“, како прв и најголем нискобуџетен превозник на Блискиот Исток и Северна Африка, и „Ал Марјах Комјунити Банк“ (Мбанк), првата целосно интегрирана дигитална банка во Обединетите Арапски Емирати, се здружија за да овозможат користење на плаќања со AE Coin за резервации на летови преку апликацијата AEC Wallet.