Оваа балканска актерка се замонаши? Облече костим на калуѓерка, настана хаос кога таа им испрати брутална порака (ФОТО)
Милена Васиќ со години важи за една од најзгодните актерки на балканскатата јавна сцена, а сега ги изненади своите следбеници, но и целата јавност со нејзината последна објава на социјалната мрежа Инстаграм, која ги натера сите да се посомневаат дека таа – стана калуѓерка!
Имено, Милена објави фотографија на која позира со продорен изглед во униформа на калуѓерка пред манастир, а своите фанови ги збуни со пораката што ја испрати.
– Отец Јустин Поповиќ постојано велеше дека човекот е чардак – ниту на небото ниту на земјата. Така е… Директниот христијански одговор на прашањето зошто човек му прави зло на друг може да изгледа едноставен и незадоволителен, но гласи: „Човек го прави тоа поради гревот, а гревот е тесно поврзан со вроденото античко својство на секој човек – вина.
Препознајте го својот грев прво кога ќе му наштетите на друг – напишала убавата актерка.
Сепак, како што се испостави на крајот, Милена само добро се маскирала за потребите на нејзината улога во филм.