Боите дефинитивно влијаат на нашето расположение, но и на спротивниот пол. Една иста боја е подеднакво привлечна и за жените и за мажите, но ги привлекува од различни причини, покажуваат истражувањата. Еве за која боја зборуваме.
Боите имаат големо влијание на различни психолошки фактори, вклучувајќи го и расположението и одлучувањето. На пример, светлите бои имаат тенденција да се поврзуваат со позитивни емоции, а темните со негативни. Исто така, психолозите објаснуваат како бојата може да влијае на нашата перцепција за привлечност.
Бојата на облеката е важен фактор во проценката на привлечноста. Несомнено, носењето црвена облека може да не направи попривлечни за спротивниот пол, велат научниците. Интересно е што оваа боја ги привлекува и мажите и жените, но тие ја доживуваат на сосема различни начини.
Имено, жените ги привлекуваат мажи кои носат црвено затоа што тоа испраќа статусни сигнали.
„Откривме дека жените гледаат на мажите кои носат црвено како на оние со повисок статус, како на оние кои ќе заработат пари и ќе се искачат на социјалната скала. Разговорот за високиот статус е тој што ја поттикнува привлечноста“, рекол тој. Професорот Ендру Елиот и пишува En-Z-Helrald.
Мажите, од друга страна, ги привлекуваат жени кои носат црвено од биолошки причини.
„Нашето истражување укажува на паралела во начинот на кој човечките и нечовечките машки примати реагираат на црвената боја“, објаснуваат авторите на студијата, додавајќи дека мажот што носи црвено може да се чувствува доминантен, што влијае на неговата самодоверба и однесување.
Црвената боја „победува“ и на спортските терени
Во спортската арена, носењето црвено може да ги зголеми шансите за победа. На Олимпијадата во Атина во 2004 година, на натпреварувачите во бокс, грчко-римско борење, борење во слободен стил и теквондо, по случаен избор им беше доделена црвена или сина облека. Во сите четири натпревари, натпреварувачите кои носеа црвена опрема победија повеќе борби, пишува Very Well Mind. Многу истражувачи веруваат дека овие резултати се должат на поврзаноста помеѓу црвената боја и воочената доминација. На пример, носењето црвена опрема може да направи спортистот да се чувствува доминантен и да настапува поагресивно.
Моќта на црвеното
Црвената боја се однесува и на моќта. Традиционално црвената е вратоврската што ја носат бизнисмените и претседателите ширум светот. Исто така црвениот тепих е поставен само за најпрестижните познати личности. Според некои експерти, оваа поврзаност со моќта и богатството е причината зошто луѓето кои носат црвено се толку привлечни за другите.