Оваа девојка нема полов орган но е во среќна врска и нејзиниот интимен живот изгледа вака (видео)

За Кајли Моатс, сек*от е неостварена желба. Иако има 27 години. Таа е родена со ретко нарушување наречено синдром Мајер Рокитански Кустер Хаузер, што значи дека е родена без вагина и матка. Таа има јајници и овулација, но тука престануваат женските процеси во нејзиното тело. Таа многу сака да води љубов со своето момче, затоа собере пари за операција.

Дека нешто не е во ред со неа дознала на 18 години, кога за првпат отишла на гинеколог бидејќи сите нејзини другарки добиле менструација, а таа не. Наместо вагинален отвор, Кајли има само тенка кожичка.

Здравственото осигурување не покрива операција за реконструкција на нејзината вагина, бидејќи таквата операција се третира како промена на полот.

Затоа нејзиното семејство, пријателите и момчето собираат пари на интернет за Кајли што поскоро да стане ,,вистинска” жена.

Без разлика на состојбата, таа е во среќна врска. Роби не ја оставил откако таа му кажала дека нема вагина. Тој и’ рекол дека ќе даде сè од себе да и’ помогне во борбата.

Сестрата и пријателите веќе им понудиле да бидат сурогат мајки на нејзините деца и собрале повеќе од 5.000 долари од потребните 15.000 долари за операцијата.

– Роби го запознав во средно училиште кога работев на рецепција. Тој дојде кај мене и од тогаш почнавме да разговараме. Ми требаше околу еден месец да му кажам дека немам вагина. Отпрвин беше збунет, но ме поддржа и рече дека тоа апсолутно ништо не менува – изјави Кајли.

Тој со нетрпение ја очекува својата прва сексуална врска

,,Cе плашам дека нешто ќе тргне наопаку, малку сум исплашена. Еден погрешен потег може да ме повреди. Се плашам колку ќе боли”, рекла таа.