Оваа европска земја изгуби 10 отсто од глечерите за само две години: Овие снимки можеби изгледаат прекрасно, но покажуваат катастрофа (ВИДЕО)
Глечерите се топат побрзо и побрзо
Глечерите во Швајцарија се стопиле во последните две години, исто како и помеѓу 1960 и 1990 година, под влијание на екстремните временски услови влошени од климатските промени, открива неодамна објавената студија.
Малку врнежи од снег во зима и многу високи температури во лето доведоа до намалување на волуменот на глечерите за 10 проценти во 2022 и 2023 година, според студијата на група експерти одговорни за проучување на криосферата во Швајцарската академија за природни науки.
Нивниот заклучок е јасен – швајцарските глечери се топат побрзо и побрзо.
– Ако продолжиме со темпото од последните години, секоја година ќе биде лоша. Видовме толку силни промени во климата во последните години што е сосема возможно да се замисли оваа земја без глечери – изјави еден од авторите на студијата Матијас Хус, додавајќи дека решението би можело да биде „стабилизација на климата“ со намалување на емисиите на јаглерод диоксид на нула што е можно побрзо.