Оваа едноставна закуска може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања

Јаткастите плодови се богати со есенцијални хранливи материи, поради што се предмет на бројни студии за нивните позитивни ефекти врз здравјето на мозокот и срцето.

Исхраната игра клучна улога во одржувањето на когнитивната функција и правилната циркулација на крвта, а недостатокот на здрави масни киселини, антиоксиданси и влакна може да го зголеми ризикот од губење на меморијата и кардиоваскуларни болести . 

Затоа балансирана исхрана богата со овие елементи е важна за долгорочно спречување на овие проблеми.

Меѓу намирниците кои се издвојуваат по благотворното влијание на меморијата и здравјето на срцето, важно место заземаат јаткастите плодови – особено оревите. Редовното консумирање може да го намали ризикот од срцеви заболувања и да ја подобри когнитивната функција, што ги прави неопходни за здравјето на мозокот и кардиоваскуларниот систем.

Едно истражување ги испитувало ефектите од долготрајното консумирање јаткасти плодови врз церебралната циркулација кај постарите возрасни лица, пишува Daily Express. Во текот на 16 недели, испитаниците консумирале индиски ореви, ореви, лешници и ф’стаци во препорачани количини секој ден.

Оваа едноставна закуска може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања

Резултатите покажаа подобрување на протокот на крв во мозокот и подобри резултати на тестовите за меморија. Студијата забележа зголемен проток на крв во клучните делови на мозокот, вклучувајќи го фронталниот и префронталниот кортекс, кои се важни за когнитивната функција.

Друго истражување покажа дека консумирањето јаткасти плодови, особено ореви, барем еднаш неделно може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за 13 до 19 проценти, додека ризикот од коронарна срцева болест се намалува за помеѓу 15 и 23 проценти, што дополнително го потврдува нивното заштитно дејство врз срцето.

Корисните ефекти на јаткастите плодови се припишуваат на нивната богата содржина на здрави масти, влакна и антиоксиданси кои ги намалуваат воспалителните процеси и ја подобруваат функцијата на крвните садови. 

Овие фактори не само што промовираат здрава циркулација, туку имаат директно позитивно влијание врз долгорочното зачувување на когнитивните способности.