Оваа есен еден хороскопски знак ќе има многу пари: Руски астролог откри кој чека неочекувани профити и одлични финансии (фото)

Тамара Глоба е една од најистакнатите руски астролози, заедно со нејзиниот поранешен сопруг Павел Глоба. Оваа моќна астролошка двојка и’ дава различни астро прогнози на советската публика со години, па дури и децении, а често станува збор за многу конкретни, кратки предвидувања, како оние во кои објаснуваат кои знаци имаат најмногу шанси за финансиско изобилство, успех или среќа во љубовта во даден месец.

Тамара овојпат го спомна знакот на Зодијакот за кој ѕвездите се особено наклонети оваа есен кога се во прашање парите и успехот во кариерата.

Тоа е БИК!

Можеби веќе сте ги забележале првите знаци на среќа, но запомнете дека ова е само почеток. Глоба истакнува дека среќните околности се на вашиот праг и ќе паднат врз вас со сета своја сила. Наскоро ќе следат позитивни околности кои ќе ве насочат кон успехот, а веројатно ќе ве изненади фактот дека сè ви оди добро.

Ќе уживате во подобри финансиски можности – можно е да заминете на егзотичен одмор или да се почестите со нешто за што долго сонувавте.

Ова исто така ќе биде добро време за штедење; не ги трошете сите пари што одеднаш ќе ви бидат во раце. Заштедете дел од овие пари за започнување нов бизнис или инвестирање во понатамошно образование, советува Глоба за „Pg13.ru“.