Оваа жена официјално ја има најголемата уста на светот: Некогаш се срамела од тоа, а сега се гордее (ВИДЕО)

Сем Рамсдел го привлече вниманието со големината на усните, благодарение на што ја освои титулата „Најголема уста“ во 2018 година.

Американката ја освои оваа сосема необична титула бидејќи може да отвори уста неверојатни 6,52 сантиметри.

Сепак, таа неодамна освои уште една титула – „Најширока уста“, бидејќи може да ја рашири устата до 10,33 сантиметри.

Иако сега е горда на својот изглед, тогаш не беше така. “Одлично е што нешто од што се срамев и ми се исмејуваа сега стана супер вештина. Неверојатно е чувството да се има два светски рекорди. Се разбира, сè уште добивам грди коментари за мојот изглед до денес. Ми велат дека одвратно, страшно… Но, има и многу позитивни коментари од луѓе кои велат дека сум им инспирација затоа што нешто што се сметало за негативно го претворив во позитивно“, вели Сем.

Таа истакнува дека се надева дека тоа ќе биде мотивација за другите да го прифатат она што ги прави посебни, а не да се обидуваат да го променат за да се вклопат во општествените норми.

Сем има 3,8 милиони следбеници на TikTok, а таа се пофали со уште еден рекорд ова лето. Во видеото кое собра 4,5 милиони прегледи и 178.000 лајкови, таа рече:

„Значи, сега всушност имам два Гинисова рекорди“, напиша таа на видеото.