Оваа крвна група е најотпорна на мозочен и срцев удар: Луѓето кои ја имаат се најдолговечни

Веќе е познато дека секоја крвна група има одредени предности и недостатоци, како и влијание врз здравјето на поединецот во поширока смисла. Сепак, една крвна група е особено отпорна на разни болести, односно најотпорна. Станува збор за нула крвна група (0), која може да придонесе и за долговечноста, тврдат научниците.

Докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, како и помала веројатност да заболат од одредени видови на рак, како што се ракот на панкреасот и ракот на желудникот.

Една од досега откриените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што крвта од овој тип содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, вклучително и срцеви и мозочни удари предизвикани од згрутчување на крвта. Отпорот на најопасните болести значи поголема шанса за долг живот.

„Се чини очигледно дека избегнувањето на болеста е тајната за долг живот. Но, постои силна догма дека кај стогодишниците целата корист доаѓа од гените против стареење“, рече Стјуарт Ким, професор на Катедрата за биологија и генетика на Универзитетот Стенфорд, презентирајќи ги резултатите од истражувањето на неговиот тим пред неколку години.

Во потрага по тајната на долговечноста, научниците ги истражувале гените на 800 стогодишници и 5.400 90-годишници и откриле дека варијациите во четири гени се многу важни за брзината на стареењето:

CDKN2B, кој игра важна улога во клеточната делба;

АБО, што се однесува на типот на крвната група;

APOE, што влијае на тенденцијата на телото да развие Алцхајмерова болест;

SH2B3, кој го продолжува човечкиот живот.

Како што објаснија, откриле дека одредени варијации на гени се јавуваат почесто кај луѓето кои живеат до сто, а кога станува збор за крвната група – таа била нула.