Официјално: Един Џеко потпишува за Фенербахче

Един Џеко и официјално си заминува од редовите на Интер и од следната сезона ќе го носи дресот на Фенербахче. Турскиот гигант речиси цел месец преговараше со 37-годишниот ветеран, за конечно да биде постигнат целосен договор и Џеко да се пресели во Истанбул. Тој ќе потпише двогодишен договор со Фенербахче, а турскиот тим нема да плати никаква отштета бидејќи Џеко стигнува како слободен играч, по истекот на договорот со Интер.

„Светски познатиот напаѓач Един Џеко ќе додје во Истанбул да ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи потпис на договорот и презентација пред навивачите“, објави утрово Фенербахче.

Со тоа, се става крај на осумгодишната авантура на репрезентативецот на БиХ во италијанскиот фудбал, од кои шест сезони мина во дресот на Рома, а последните две како член на Интер.